Предмет: Дизајн и архитектура на софтвер
Краток опис: Проектот што го развиваме се фокусира на уметничките галерии во Македонија, со цел да ги приближиме на студентите и љубителите на уметноста. Креираме простор за истражување на различни изложби, колекции и културни доживувања што ги нудат овие институции. Нашиот пристап е едноставен и интерактивен, со фокус на основни информации и искуства кои ги нудат уметничките галерии. Преку нашиот веб-сајт, корисниците ќе имаат можност да пребаруваат галерии според различни параметри како локација, тип на изложби, и период на одржување. Ова создава персонализирано искуство за корисниците, овозможувајќи им да откријат и истражат уметнички простори што одговараат на нивните интереси. Сакаме да ги претставиме уметничките галерии како важен дел од културниот пејзаж во Македонија и да ги поддржиме локалните таленти и креативни иницијативи. Проектот не само што ќе обезбеди информации, туку искуства што ги отвораат вратите кон светот на уметноста, креирајќи мост меѓу уметниците и љубителите на уметноста во нашата заедница.
Проектот е изработен со технологии како Spring Boot framework, Google Maps AI, Java Persistence, Bootstrap и други. Вклучени се опции за филтрирање на барањата за музеите, додавање на оцени и коментари, и преглед на различни информации за музеите. Сите информации се превземени во реално време од OPENSTREETMAP при секое вчитување на веб-страницата. Веб-страницата е хостирана на Azure Web Services, со хостирана база на податоци на Azure SQL Server, со колација на македонски јазик.
Архитектури: Документ
Дизајн на апликацијата: Слики
Веб-страницата има администраторска контролна табла која му овозможува на администраторот да се најави и да ги менува податоците за музеите, да додава дополнителни информации кои можеби не се достапни во OPENSTREETMAP, и да брише соодветни рецензии. Администраторот исто така има можност да додава нови музеи од почеток и да ги брише старите.
Спецификација на функционалостите и нефункционалностите барање: PDF Документ
Автори:
- Andrej Velickovski (211109)
- Viktor Sibinovikj (195120)
- Berat Ahmetaj (216130)
Ментори:
- проф. д-р Љупчо Антовски
- проф. д-р Петре Ламески
Видео Прототип од алфа верзија на апликацијата: Видео
Видео Прототип од Функционалностите на апликацијата Видео